Мерките бавни, загадувањето и натаму царува

Loading...

Загадувањето во повеќе градови низ државата деновиве е на многу високо ниво, покажуваат мерењата и на државните и на приватните мерни станици. Во скопската населба Ново Лисиче, според податоците достапни на апликацијата „Мој воздух“ во 21 часот беа измерени 280 микрограми на кубен метар ПМ10 честички, во Кисела Вода 253 мг/м3, во Кавадарци 361, во Куманово 284, во Струмица 225 мг/м3, а во Охрид 188 микрограми.
Нова грејна сезона, стари проблеми
Почетокот на грејната сезона ги врати старите проблеми со загадениот воздух во поголемите населени места, но и старата практика на властите лежерно да се однесуваат кон овој проблем “, кои конкретни активности на Министерството за Животнивотна средина ги осмислило и ги реализирало во 2020 година и какви активности се планирани за идната година, за решавање на проблемот со аерозагадувањето, од Министерството ни одговорија:

„Покрај другите редовни активности, во наредниот период Министерството се фокусира на мапирање јавни објекти што користат системи за затоплување со нееколошки горива, работи на измена на законската регулатива за да се зголемат санкциите за прекршоци во животната средина, но и за повеќе ингеренции и обврски на општините за изработка на локални планови за намалување на аерозагадувањето и предвидување и преземање краткорочни, интервентни мерки при појава на пикови“.

Извор: Слободен печат

loading...