Меси руши рекорди, Барса победува

Loading...

Екипата на Барселона ја задржа предноста од 13 бодови во однос на Реал Мадрид, откако во 28.коло забележа победа над Рајо Ваљекано со 3:1.

Натпреварот мина во знакот на Лионел Меси, кој и на 18-от последовен натпревар се запиша во листата на стрелци. Инаку Барселона до предност стигна со голот на Виља, предноста ја удвои Меси, а истиот играч го постигна и третиот гол за Каталонците. Конечниот резултат го постави Раул Тамудо. Барса на врвот има 13 бодови предност во однос на Реал, кој во саботата ја порази Мајорка со 5;2 и 14 бодови повеќе од Атлетико Мадрид, кој со головите на Диего Коста, во Памплона ја победи Осасуна со 2:0. Без победник, со резултат 1:1 заврши натпреварот помеѓу Гранада и Леванте. Домаќините поведоа со голот на Сиквеира од пенал, а Леванте израмни со голот на Аквафреска. Резултати:Малага-Еспањол 0:2Севиља-Сарагоса 4:0Осасуна-Ателтико Мадрид 0:2Барселона-Рајо Ваљекано 3:1Гранада-Леванте 1:1Реал Сосиедад-Ваљадолид 4:1Хетафе-Атлетик Билбао 1:0Реал Мадрид-Мајорка 5:2Валенсија-Бетис 3:0Депотриво-Селта 3:1Табела: Барселона 74, Реал 61, Атлетико 60, Сосиедад 47, Валенсија 45, Малага 44.
Макфакс
Екипата на Барселона ја задржа предноста од 13 бодови во однос на Реал Мадрид, откако во 28.ко

loading...