Метеж на Богородица, се чека 30-45 минути

Loading...

На граничкниот премин “Богородица“ за излез од земјава метеж како во шпицот на сезоната, иако тој веќе помина. Продолжениот празничен викенд многумина сограѓани го искористија, најверојатно за последен пат годинава, да стигнат до морските убавини.
Како што информира АМСМ, за излез од земјава утрово се чека 30-45 минути, а сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

loading...