Метју Палмер се сретна со Али Ахмети

Loading...

Претседателот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети, денес во Скопје се сретна со заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Метју Палмер. На средбата присуствувал и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли. Се дискутирало околу последните политички случувања во земјата, спроведувањето на Договорот од Преспа, реформите како и Евроатланската интеграција.
Ахмети ги потенцирал напорите за постигнување на потребната поддршка во Собранието и истакнал дека петокот беше само почеток на повеќемесечниот процес за спроведување на Договорот од Преспа.
-Нашиот конструктивен придонес нема да изостане во наредните недели до заокружување на процесот за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ. Земјата и регионот немаат друга алтернатива освен Евроатланската интеграција и усвојување на демократските западни стандарди, изјавил Ахмети.

loading...