Меѓународен ден на жената – „Еднаква иднина во светот со ковид-19“

Loading...

„Жените во лидерство: Постигнување еднаква иднина во светот со ковид-19“ е темата на годинашното одбележување темата за Меѓународниот ден на жената, 8 март поставена од Обединетите нации. Темата ги слави огромните напори на жените и девојките ширум светот во обликувањето на порамноправна иднина и закрепнување од пандемијата ковид-19.

Исто така е усогласена со приоритетната тема на 65-та седница на Комисијата за статусот на жените, „Целосно и ефективно учество на жените во донесување одлуки во јавниот живот, како и елиминирање на насилството, за постигнување на родова еднаквост и зајакнување на сите жени и девојки во сите области на животот, еднаква плата, еднакво споделување на неплатена грижа и домашна работа, да се стави крај на сите форми на насилство врз жените и девојчиња и здравствени услуги кои одговараат на нивните потреби.
Жените стојат на првите редови на кризата со ковид-19, како здравствени работници, негувателки, организатори на заедницата и како едни од и најефикасните лидери во борбата против пандемијата. Жените лидери и организациите на жените ги демонстрираа своите вештини, знаење и мрежи за ефикасно водење во напорите за одговор и обновување од ковид-19, наведуваат ОН по повод денешниот Меѓународен ден на жената.

loading...