Статус на Петар Милетиќ: Со апсењето на Мадуро, меѓународното право е дефинитивно суспендирано, а Обединетите нации фактички се обезвреднети и угасени. Загрижува фактот што во Македонија има политичари кои јавно го поддржуваат ваквото дејствување на американската администрација, верувајќи дека со тоа ќе добијат аплауз и политички поени.
Затоа еве едно кратко и јасно појаснување: со таа поддршка, вие всушност одобрувате сценарио во кое некоја многу посилна држава од регионот на Македонија може да испрати војска и специјални единици за специјални операции, да уапси кој било македонски политичар, да го изнесе надвор од државата и потоа да го прикаже пред јавноста со лисици на рацете и во пругасто одело – без никакво сериозно образложение, или со едноставно и паушално тврдење дека станува збор за „криминалец“.
И потоа ќе се прашуваме зошто на брифинзите меѓу амбасадите во Македонија, кои се одржуваат еднаш месечно или на два месеца, на изјавите на некои наши политичари им се потсмеваат, ги коментираат со чаша вино во рака и ги доживуваат како повод за шега, а не како сериозен државнички став.




