Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле и оставиле 10 евра

Група мигранти, кои од Турција стигнале во Грција, во селото Неа Виса во близина на грчко-турската граница кај Еврос за да се стоплат во текот на ноќта и да ги издржат ниските температури се послужиле со дрва за огрев, оставени пред локално кафуле, кое било затворено. Но, не сакале да ги украдат дрвата, па затоа на сопственикот му оставиле писмо и 10 евра.
– Синоќа, група луѓе дојдовме од Турција, а поради ладното време требаше да запалиме оган и ги искористивме вашите дрва. Ве молам земете ги парите, пишува во писмото што му го оставиле на сопственикот.
За невообичаената случка објавија локалните медиуми, а сопственикот во изјава за солунското „Радио Тесалоники“, изјави дека кога вчера наутро го отворил кафулето го чекало изненадување, јави дописничката на МИА од Атина.


– Ова ми направи огромен впечаток. Беше спакувано и не се гледаа 10 евра. Си помислив што може да биде ова. На англиски беше напишано, раскажува за солунското радио, Димитрис Казанѕис, сопственикот на кафулето и објаснува дека писмото со парите биле закачени на влезната врата.
Тој додава дека такво нешто до сега не му се случило, иако во неговото кафуле често поминуваат мигранти, кои никогаш не предизвикале некаков проблем

Loading...