Милевски: Левица е секта како јеховините сведоци

Медиумите под контрола на Мицковски ликуваа затоа што Милевски и Павле не гласале како што гласаше владеашката гарнитура, иако имаа 68 пратеници. Веројатно за да се дообјасни и дистанцира Милевски објави радикален статус:

Милевски: Левица е секта како јеховините сведоци

Гледам синоќа, екстремната десница која се претставува како левица а во суштина е секта од типот на јеховини сведоци, со поддршка на целокупната руска пропагандна и финансиска машинерија тргнала со груби лаги и манипулации, во негативна кампања против мене.

Целта е јасна, политичка елиминација на нивните најголеми идеолошки противници, кои најотворено се борат против руските интереси и инсталации во Македонија.

За воља на вистината:

🟡 Ниту сум гласал, ниту сум дал поддршка на Францускиот предлог,

🟡 Ниту сега, ниту било кога во иднина ќе се согласам со бугаризација на македонската историја па макар и ја напуштил политиката,

🟡 Ниту сега, ниту во иднина, ќе направам чекор со кој ќе дозволам руските испостави да го сменат политичкиот курс на земјата.

Како што во Битола, граѓанскиот центар кој го претставуваат ЛДП, ДОМ и Поинаку, преку своите избирачи, не дозволија Левица да има било какво влијание во локалната политика, тоа ќе се случи и на државно ниво, на следните избори, каде Левица повторно ќе си остане опозиција, без доволен број на пратеници со кои ќе ја уценува Владата. И тоа ќе се случи токму поради гласачите на Центарот.

И тука лежи нервозата на оваа интересна групација и на Русија.

Тука е стравот од ЛДП која со своето одбивање да гласа за Францускиот предлогот им го стесни кругот на влијание на оваа секта и не дозволи тапијата за патриотизмот да ја има екстремната десница која сака да граби и гласови на разочараниот Центар.

Независно што пишувате, не ви се плашиме, ниту ќе ве оставиме да ја уништите оваа земја.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.