Милевски: Преку атмосферска канализација и нови улици ја зголемуваме регионалната конкурентност во Македонски брод

Каналот Песјак за атмосферска и фекална канализација и каналот Лоштица за атмосферска канализација ги решија децениските проблеми со кои се соочуваа жителите, се заокружи колекторскиот систем, се заштити земјоделското земјиште и животната средина како и имотот на граѓаните од надојдените води, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски при посетата на општина Македонски брод.

– Го посетивме и село Суводол кое е едно од четирите села каде комплетно ги модернизираме линиските улици кои од земјени ќе бидат поплочени со павер елементи, додаде тој по средбата со градоначалникот Жарко Ристевски.

Проектот „Доизградба на каналот Лоштица за прифаќање и одведување на атмосферски води” во Македонски Брод” опфаќа доизградба на 300 метри од овој атмосферски канал во Македонски Брод.

Проектот е во висина од 5.800.000 денари финансиран од министерството за локална самоуправа преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2022 година.

Покрај овој проект беше изведена и изградбата на улици со вкупна должина од 1.481 метар во Суводол и во селото Грешница со вкупна должина од 407,5 метри беше проект кој е 50 проценти финансиран преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, а другите 50 проценти се средства обезбедени од буџетот на Општина Македонски Брод. Вкупната вредност на проектот е 13.332.000 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.