Милетиќ: Очекуваме 20.000 учесници од странство на Европрајд во Белград. Ќе биде ГОЛЕМА ПАРАДА

Координаторот на „EuroPride 2022“, Горан Милетиќ денеска изјави дека на тој ЛГБТ+ настан што ќе се одржи од 12 до 18 септември во Белград се очекува да дојдат околу 20.000 гости од странство.

Белград избран како домаќин во силна конкуренција:

Пред три години, Белград беше избран да биде домаќин на централноевропскиот ЛГБТ + настан, во конкуренција на градовите Барселона, Лисабон и Даблин.

Милетиќ за ТВ НоваС изјави дека по тој повод во Белград ќе пристигнат околу 150 високи гости, главно претставници на Европската унија.

Подготовките за „EuroPride“ течат одлично и овој настан може да се спореди само со организирање на изборот за најдобра песна на Евровизија во 2008 година“, истакна Милетиќ.

Тој рече дека покрај прошетката на голем број учесници низ белградските улици, во петок и сабота, на 16 и 17 септември, во центарот на Белград ќе се одржат два големи концерти кои ќе траат од 19 до 3 часот по полноќ.

„На концертите ќе учествуваат локални, регионални и меѓународни изведувачи. Нивните имиња, како и имињата на високите функционери на ЕУ ќе ги објавиме на крајот на јуни“, рече Милетиќ.

Пред три години, Белград беше избран да биде домаќин на централноевропскиот ЛГБТ + настан, во конкуренција на градовите Барселона, Лисабон и Даблин.

Организаторите очекуваат дека преку „EuroPride 2022“ ЛГБТ + заедницата од Западен Балкан ќе ја зајакне и реафирмира промоцијата на европските вредности и човековите права во Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.