Милиони ја следат на Инстаграм поради совршеното тело: Покажа како изгледа реално и луѓето и се заблагодарија за суровата искреност

Емили Скај на милиони им е пример на социјалните мрежи. Не така одамна таа се породи и одлучи целосно искрено да ги покаже промени кои настанале на нејзиното тело.
-Кожата на стомакот ми виси и се збрчка. Некогаш тоа се гледа, некогаш не. Многу ме обвинуваа дека ги фотошопирам сликите по породувањето, но сега покажува дека тоа не е така. Се е во аголот, позата, светлото. Мене не ми пречи ниту едната, ниту другата страна од оваа фотографија, пишува таа.


-Не знам дали е тоа чудно, но горда сум на оваа слика, односно на тоа што претставува. Мајчинството ме направи посилна и ми даде самодоверба дека повеќе нималку не ми е грижа за растегнатата кожа или стриите, заклучува Емили.
Нејзините обожаватели на социјалните мрежи коментираат дека се воодушевени од нејзината искреност.
-Толку е освежувачки да се види правата вистина. И јас неодамна се породив и се чувствував лошо бидејќи не изгледа добро како останатите фит мајки на Инстаграм, и порачуваат мајките кои ја следат на оваа социјална мрежа.

Loading...