Милијардерите од Европа за една година станаа уште побогати

Loading...

Најбогатиот човек од Европа е Французинот Бернард Арнолт, кој е и трет најбогат човек во светот
На листата нема ниту еден милијардер од Балканските земји
Минатата година беше генерално повеќе од добра за милијардерите, па така и за оние европските. Европа сега има дури 628 милијардери, според списокот на „Форбс“ за 2021 година или 117 повеќе од претходната година.
На оваа листа не се наоѓа ниту еден милијардер од Балканските држави.
Инаку, најбогатиот човек на светот повторно официјално е основачот и главен директор (иако, оваа година ќе отстапи од таа позиција) на гигантот за онлајн продажба „Амазон“, Џеф Безос. Неговиот имот се проценува на надреални 117 милијарди долари – 64 милијарди повеќе од лани.
Втор најбогат (до неодамна прв) е Елон Маск, основач, главен директор и најголем акционер (21 отсто) на произведувачот автомобили „Тесла“, сега тежок 151 милијарди долари, што е 126 милијарди повеќе од лани.
Најбогатиот во Европа е Французинот Бернард Арнoлт
Трет најбогат човек на светот и најбогат Европеец е Французинот Бернард Арнолт чија семејна компанија држи 70 елитни брендови како „Луј Витон“, „Кристијан Диор“, „Живанши“ и „Хенеси“. Богатството на Арнолт се зголеми за дури 74 милијарди долари и сега изнесува 150 милијарди долари.
Четврт најбогат на светот и втор најбогат Европеец е Шпанецот, Аманцио Ортега, сопственик на синџирот „Зара“, тежок 77 милијарди долари или 22 милијарди повеќе од 2020 година. Тој се наоѓа на 11 место на листата на „Форбс“.
А веднаш зад него е Французинката, Франсоа Бетенкорт Мејерс со фамилијата, ќерка и наследничка на Лилијан Бетенкорт која почина во 2017 година, која беше пак ќерка на Еуген Шулер, основачот на козметичкиот гигант „Лореал“. Таа е најбогата жена на светот со 73,6 милијарди долари што е за 24,7 милијарди повеќе од 2020 гдоина.
Четвртиот најбогат Европеец доаѓа, исто така, од Франција, земја со вкупно 42 милијардери. Станува збор за Франсоа Пино со неговото семејство, сопственик на групата „Керинг“, која ги држи елитните брендови „Сент Лоран“, „Гучи“ и „Александар Меквин“. Неговото богатство е 42,3 милијарди долари, 15 пати повеќе отколку во 2020 година.
Германските милијардери тежат 635 милијарди долари
Иако, Германија има најмногу милијардери во Европа – дури 136, со вкупно богатство од 635 милијарди долари – најбогатите Германец и Германка се на 38. место во светот. Тоа се Беате Хајстер и Карл Албрехт Јуниор, децата на Карл Албрехт Постариот, основач на ланецот супермаркети „Алди“ и петти најбогати Европејци. Тие се „тешки“ 39,2 милијарди долари, или за шестпати повеќе отколку во 2020 година.
Шестиот најбогат Европеец е уште еден Германец – Дитер Шварц, сопственик на групацијата „Шварц“, кој управува со ланците на супермаркети „Лидл“ и „Кауфланд“. Богатството на Шварц е проценето на 32,7 милијарди долари.
На седмото место е Италијанец. Тоа е Џовани Фереро, извршен директор, поранешен директор и мнозински сопственик на гигантот за облека „Фереро груп“, основан од неговиот дедо, Пјетро Фереро. Во 2018 година, „Фереро Груп“ ја купи американската подружница на швајцарскиот прехранбен гигант „Нестле“ за 2,8 милијарди долари.
По Германија најмногу милијардери има Русија и тоа вкупно 117 милијардери кои имаат вкупно богатство од 583,9 милијарди долари. А, најбогатиот Русин, барем според официјалните податоци, е Алексеј Мордашов со своето семејство, „тешки“ 32,6 милијарди долари. Мордашов е мнозински сопственик и поранешен сопственик на производителот на челик „Северстал“.
Велика Британија има 56 милијардери со вкупно богатство од 213 милијарди долари, а најбогат Британец е Џејмс Ретклиф. Сепак, со 17 милијарди долари (6 милијарди повеќе отколку во 2020 година), тој е само на 117. место на листата на „Форбс“. Ретклиф е основач, извршен директор и мнозински сопственик на хемискиот гигант „Инеос“.
Пресметано на милион жители, Монако има најмногу милијардери
Ако го разгледаме бројот на милијардери на милион жители во секоја земја ќе добиеме пореална слика за тоа кои европск иземји имаат најмногу милијардери. Така, гледајќи го Монако, кое има три милијардери, е на првото место со дури 76,9 милијардери на милион жители.
Следната е друга микро-држава, односно Лихтенштајн, кој има еден милијардер, но дури 26 милијардери на милион жители. Третата е Исланд, со 2 милијардери, или 5,61 на милион жители.
На четврто место, неочекувано, е Швајцарија со своите 40 милијардери, или 4,68 на милион жители. Најбогат Швајцарец е Џанлуиџи Апонте со неговата сопруга Рафаел. Нивниот бродски гигант MSC им донесе богатство од 10,6 милијарди долари.
Кипар е на петтото место со 5 милијардери, или 4,3 на милион жители. Најбогат во Кипар е магнатот за нафта и гас Џон Фредриксен, Норвежанец по потекло, со богатство од 10,4 милијарди долари.
На седмото место е Шведска со дури 41 милијардер, или 4 на милион жители. Најбогатиот Швеѓанец е Стефан Персон, поранешен директор, мнозински сопственик и син на основачот на гигантот за облека „H&M“. Богатството на Персон е 21,3 милијарди долари.
На осмото, деветтото и десеттото место на милион жители се Норвешка со 12 милијардери, Грузија со 2 и Ирска со 9. Вкупно 29 европски земји имаат најмалку еден милијардер, а во последните неколку години во клубот се приклучија Унгарија и Словачка со секој по еден милијардер.

loading...
Loading...