Милошоски: Добро е што Заев призна дека бил во комуникација со адвокатот на рекетарката Катица Јанева

Заев денес се обиде невешто да демантира, но добро е што призна дека бил во комуникација со адвокатот на рекетарката Катица Јанева, му одговори денес на Фејсбук Антонио Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ откако премиерот Зоран Заев рече дека се “лажги со опашки“ дека тој на лидерската средба изјавил оти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за десет дека ќе биде пуштена во домашен притовор.
– Сега е уште побитно да одговори на неколку прашања. Прво, во кое својство премиер на држава, кој не ни обвинител, ни судија, во екот на најголемиот скандал на правосудството во историјата на Македонија, е во контакт баш со адвокатот на осомничената рекетарката и зошто со неа разговарале за мерките за обезбедување притвор или куќен притвор за Катица Јанева? Второ, од каде доаѓа потребата на адвокатката Ирена Фрчкоска да го извести токму премиерот Заев за тоа кои чекори ќе ги превземе осомничената Катица Јанева? И трето, дали оваа блиска координација на адвокатката и премиерот е во улога на “консилиере” на групата за “Рекет” и кој е тука главниот?, го прашува Милошоски Заев.

Loading...