Милошоски: На лидерската средба Заев најави дека Јанева излегува од Шутка за десетина дена

Заев најави дека за десетина дена Јанева од Шутка ќе се префрли во куќен притвор. Како може премиерот да ги знае одлуките на Судот пред да бидат донесени? – праша Антонио Милошоски изнесувајќи став за последната лидерска средба, пренесува ТВ “Сител“.
Тој посочи дека власта првично се согласила опозицијата да го предложи шефот на новото обвинителство за организиран криминал но кога било побарано ова обвинителство да го преземе случајот “Рекет“ преговорите пропаднале.

 

Loading...