Министерката за финансии, Ангеловска најави раст на јавниот долг

Loading...

Министерката за финансии Нина Ангеловска во гостувањето во емисијата „Економски магазин“ на “Алсат“ истакна дека јавниот долг за 2020 година е проектиран на 52,3 %, додека за 2019 година 51, 7 %. Но, како што кажа министерката тие очекуваат годината ја завршат со понизок процент од проектираниот а тоа е 49, 4 %.
И покрај ваквите бројки факт е дека јавниот долг до крајот на годината ќе се зголемува, а на тоа алармираа и голем број на економисти и експерти кои велат дека вака високиот јавен долг е опасен по и онака слабата македонска економија.
Инаку, над 50 % јавен долг од БДП е алармантна бројка и ја надминува психолошката граница што е многу опасен факт за економија каква што е македонската тврди експертската јавност.
Дополнително владата пред да дојде на власт алармираше и на јавен долг од 41 % од БДП и го коментираше како опасен и катастрофален додека сега уверува дека нема простор за загриженост.
Поранешниот советник во владата на СДСМ и универзитетски професор Ванчо Узунов во јавноста наголемо критикуваше зголемувањето на јавниот долг во минатото, нереалниот раст на платите и намалување на продуктивноста.
-Продуктивноста се намалува, а пензиите и платите растат. Ова не може а да не резултира со зголемување на задолженоста, и таа е таа “отворена” задолженост, за која ние секојдневно гледаме податоци дека таа расте пишува Узунов за Portalb.mk.
Инаку, Македонија континуирано се задолжува, јавниот долг расте но изостануваат капиталните инцестиции кои ќе ја зголемат конкурентноста на македонската економија и ќе бидат основ за државата да биде способна да ги сервира своите долгови.

 

loading...