МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА МОЛДАВИЈА ПОТВРДИ: Руска крстосувачка ракета прелета наша територија! Забележана над два града

Министерството за одбрана на Република Молдавија денеска соопшти и потврди дека руска крстосувачка ракета ја прелетала територијата на таа земја, со што се потврдија како точни изјавите на гувернерот на Николаевската област Виталиј Ким.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА МОЛДАВИЈА ПОТВРДИ: Руска крстосувачка ракета прелета наша територија! Забележана над два града

Од Министерството за одбрана потврдуваат дека ракетата била откриена, го преминала воздушниот простор на Република Молдавија, над градот Мокра во регионот на Придњестровје, а подоцна и над градот Косаути во областа Сорока, во правец на Украина. Сè се случи денеска, во 10:18 часот.

„Внимателно ја следиме ситуацијата во регионот и најостро го осудуваме нарушувањето на воздушниот простор на Република Молдавија“, забележуваат претставниците на Министерството за одбрана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.