Владата ја одржа 106-тата седница. На седницата беа донесени повеќе одлуки, вклучително и за нова помош за Украина.
Имено, како што информираат од владината прес-служба, Владата донесе Одлука за донација за Министерството за одбрана на Украина. Станува збор за зимска опрема: ветровки и џемпери, како и ќебиња. Како што се наведува, оваа опрема ќе биде донација од Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.