Министерство за здравство се пишмани, промената на полот нема да биде на товар на Фондот

Loading...

Доцна синоќа Министерството за здравство соопшти дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и дека таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа.
Ваквата одлука следува откако претходно имаше бура од реакции на социјалните мрежи, по што Министерството се повлече од оваа најава што министерот за здравство Венко Филипче ја кажа на конференцијата за унапредување на правата на ЛГБТ, кои побарале оваа хируршка интервенција да им биде достапна во државното здравство.

loading...