Министерство за правда на Србија нема информации за приведување на Палевски

Loading...

Министерство за правда на Србија нема информации за приведување на бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо иако голем број од македонските медиуми денес објавија дека тој вчера на аеродром бил приведен од полицијата во Белград кога сакал да се качи на авион за Москва.
– Министерството за правда на Република Србија нема сознанија за приведување на вакво лице, е наведено во кусото соопштение.
Од српското Министерство за правда упатуваат на Министерството за внатрешни работи, но оттаму засега нема информации.

loading...