Мини здолништето е летен фаворит – еве како да го носите

Loading...

Мини здолништето е парче кое го наоѓа своето место помеѓу лежерните, но и во посвечените изданија. Покрај џинс моделите кои се најдоа како дел од секојдневните комбинации, ова лето популарни ќе бидат и здолништата со принт кој секој изглед го прават ефектен и интересен.

Тука се и здолништата од кожа и винил кои ги бираме за вечерните излегувања. Кога е во прашање самиот крој, можете да бирате А модели или тесни здолништа, во зависност од фигурата и стилските претпочитања. Дополнителните детали на здолништата како карнерите или преклопот додаваат тренди ефект на целата комбинација.
Секој од овие модели можете да го комбинирате со едноставна маичка, блуза или топ, а модните акцесоари ќе го збогатат изгледот. Во зависност од приликата, одберете патики, сандали или чевли со висока потпетица.
Бројните вљубенички во модата постојано објавуваат нови начини како да ги носите вашите мини здолништа, а во продолжение погледнете дел од нив и инспирирајте се за вашата следна комбинација:

loading...