Мини „чурос“ крофнички полнети со крем

Крем по избор
Сончогледово масло, за пржење
Начин на подготовка:


1. Загрејте го млекото до вриење и оставете го да се излади до 45-50 степени.
2. Во подлабок сад измешајте 2 шолји брашно со остатокот од сувите состојки, вклучително и квасецот. Додадете го млекото со маслото и измешајте со дрвена лажица. Додадете ја преостанатата ½ шолја брашно додека тестото не добие форма на мека топка. Покријте го садот со крпа и почекајте 30 минути да нарасне.
3. Измешајте го шеќерот со циметот во плиток сад и оставете го настрана.
4. Наполнете длабоко тавче или тенџере со масло и загрејте го до 180 степени, а потоа малку намалете ја температурата.


5. Додека се загрева маслото, тестото ставете го на површина која сте ја посипале со брашно. Измесете го тестото додека не добиете дебелина од 1,5 сантиметри. Исечете го тестото со кружна модла или мала чашка.
6. Префрлете ги малите крукчиња во загреаното масло, но не сите, потребно е да имаат простор помеѓу нив. Пржете ги 1-2 минути, а потоа превртете ги за да се испржи и другата страна, сè додека двете страни не добијат златна боја. Извадете ги и ставете ги на чинија послана со салфети.
7. Откако ќе се впие вишокот масло, топлите дупки од крофни извалкајте ги во мешавината од шеќер и цимет.
8. Направете мала дупка во крофните, со помош на дрвено стапче. Со шприц наполнете ги крофничките со крем по избор.

Loading...