Мираковска од СДСМ се скара со бугарски пратеник во Советот на Европа: Јас сум Македонка, тоа е мојот идентитет!

Пратеничката на СДСМ, Соња Мираковска влезе во кавга со бугарскиот пратеник Александар Јорданов во Советот на Европа во која таа му порача дека е Македонка и дека тоа е нејзиниот идентитет.

Мираковска од СДСМ се скара со бугарски пратеник во Советот на Европа: Јас сум Македонка, тоа е мојот идентитет!

Јорданов рече дека за Македонија реално да ги започне преговорите со Европската Унија најпрво треба да го промени Уставот и Бугарите да влезат во него, на што Мираковска му реплицираше:

-Вие мене ниту на моите сограѓани не можете никогаш да им кажете дека зборат на погрешен јазик. Јас сум Македонка, говорам на македонски јазик живеам во Македонија сега наречена Северна Македонија. И тоа е мојот идентитет, вели Мираковска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.