Мирно бебе не е и секогаш здраво бебе: Зошто бебињата кои помалку плачат подоцна се подебели и имаат проблем со дијабетес?

Бебе кое родителите многу лесно можат да го смират кога плаче има големи предиспозиции кога ќе порасне да биде дебело.
Причините за дебелеење се многу комплексни и ја вклучуваат генетиката како и влијанието од околината, а една од најголемите е тоа што родителите често ги наградуваат децата кога се добри и така ги доведуваат до граница на дебелеење до возраст од 5 години.
Добриот темперамент не може да се поврзи во целост со дебелината, но развивањето на љубов кон шеќерните работи може. Нивната рана средба со благи сокови и колачи ги доведува во ризик од прекумерна тежина. Може да се каже дека децата развиваат добар темперамент така што родителите многу рано ги запознаваат со чоколади, колачи и слични работи.
Без разлика дали родителите само сакаат да го смират детето кое плаче или само да биде генерално мирно и среќно тие се склони да му дадат слатка храна.


Родителите чии деца имаат големи шанси да бидат дебели рекле дека тие имале бебиња кои се мали или речиси никогаш не плачеле, а и во тој случај многу брзо би ги смириле, бидејќи би им дале овошен сок.
Американската академија на педијатри ги советува родителите да почекаат барем до една година. Додека сок од портокал и некој друг овошен сок содржи витамини и минерали кои се корисни за постарите деца, истражувањата покажале дека децата помлади од една година немаат никаква корист од такви сокови.
Иако имаат витамини и минерали имаат многу малку или речиси воопшто немаат влакна што оневозможува апсорпција на шеќер. Жените кои подолго време ги доеле децата имале помали шанси да имаат подебели деца или оние кои подоцна заболуваат од дијабетес што е уште еден доказ дека мајчиното млеко има големи бенефити по здравјето на бебето. Експертите советуваат дека докторите треба да ги запознаваат мајките со опасностите кои по децата може да ги има лошата исхрана и да им кажуваат која храна бебињата смеат да ја јадат на таа возраст.