Мислевте дека Адел не може да изгледа уште поубаво? Пејачката ја шминкаше најпознатата јутјуберка, погледнете го резултатот

Loading...

Една од најпознатите јутјуберки на светот и позната уметничка во светот на шминката, Ники де Џегер, попозната како Ники Туториалс, на својот Јутјуб канал ја угостила планетарно популарната пејачка Адел.

Тие две се шминкале, разговарале, но се напиле и чашка вино. Пејачката истакнала дека е емотивно поврзана со песните кои му ги посветила на својот син „My Little Love“ и „Hold On“.
Тие две напоредно се шегувале и околу тоа колкава моќ има шминката.
„Гледате каква моќ ма шминката кога ќе погледнете во моето лице, додека една половина е нашминкана, а другата не е. Сигурна сум дека ја гледате разликата“, се пошегувала пејачката.
Кога јутјуберката завршила со шминкањето на едната половина од нејзиното лице, ѝ дала огледало по што прокоментирала:


„Wow. Ова е прекрасно. Изгледам како Џокер, но во најпозитивна смисла. Ова е неверојатно“, заклучила Адел.
Тоа што е интересно е тоа што Ники популарната пејачка ја нашминкала така што таквиот изглед потсетува на карактеристичниот стил на Адел за шминкање – ајлајнер, сенка со топли тонови на боја и природна нијанса на усни.

 

loading...
Loading...