Мистерии за нашиот ум

Loading...

Многу прашања го збунуваат човекот, како животот и смртаа, спиењето но и човечкиот мозок. Еве неколку факти што можеби не ги знаеме за нашиот ум.
Слатки сништа
Луѓето имаат различни  мислења за тоа од што се направени нивните сништа. Научниците се уште не ја одгатнале оваа загатка. Имено според некои размислувања, соништата настануваат симулурајќи ги синописите кои патуваат меѓу нашите мозочни ќелии. Според  други мислења, луѓето ги сонуваат оние задачи кои не успеале да ги завршат во текот на денот. Но околу едно се согласуваат научниците во врска со сонот, тоа е дека тој настанува за време на најдлабокото спиење наречено РЕМ.
Мистеријата на спиењето
Зошто спиеме сеуште е мистерија.  А сепак една четвртина од животот ја поминуваме во спиење.  Научниците знаат едно: спиењето е неопходно за цицачите. Продолженото спиење може да доведе до промена на расположение а во екстремни случаи и смрт. Постојат две состојби на спиење: НРЕМ- каде мозокот има мала активност и РЕМ- каде мозокот е многу активен. Се смета дека НРЕМ му дава одмор нашето тело и ни ја зголемува енергијата, додека РЕМ состојбата помага при организирање на нашите мисли. Но оваа идеа сеуште не е научно докажана.
Биолошки часовник
Нашето тело е програмирано на 24 часовен режим. Најочигледниот ефект на овој ритам е кругот спиење-станување, но биолошкиот часовник влијае и на нашето варење, температурата на телото, хормоните и крвниот притисок. Мала промена  влијае на нашиот билошки часовник односно или го забрзува или го забавува, тоа го врши хормонот мелатонин. Сеуште не е одредено дали мелатонинот може да го спречи чувството на мачнина кое настанува при летање во различни временски зони.
Кутија за спомени
Како човекот ги задржува спомените и искуствата?  Тој користи техника при која се отсликуваат сликите од мозокот, тоа е едниственото научно размислување за тоа како човекот ги сочувуваа спомените.  Се смета дека хипокампусот -дел од сивата материја на мозокот се користи како кутија за спомени. Но и вистините и фиктивните спомени активираат одредени региони во мозокот.  Понекогаш при сите фиктивни спомени односно „филмовите што ги правиме во нашата глава“ ни е тешко да се сетиме на вистинските спомени.
Зошто се смееме?
Најмалку позната навика на човекот е смеата. Но кога се смееме три дела од нашиот мозок се активираат, и тоа:
-делот за мислење, кој помага да ја сфатиме шегата
 -делот за движење, кој наредува нашите мускули да се движат,
-делот за емоции, кој ни го дава доброто расположение.
Сеуште не е научно докажано зошто некој се смее на глупави шеги, некој додека гледа хорор филмови.  Некој научници сметаат дека смеата е топол одговор на приказни кои се противат на конвенкционалноста.  Друго објаснување е дека со смеата му сигнализираме на другиот дека неговата реакција е смешна. Но едно е сигурно дека смеата прави да се чувствуваме подобро.
Мистеријата за бесмртноста
Зошто лугето стареат?  Родени сме со кутија од алати, полна со механизми да се борат против болестите и повредите. Но, како што старееме, механизмот на телото „ р'ѓосува “. Како резултат на тоа, ние сме подлежни на физички и стресни проблеми. Постојат две теории зошто луѓето стареат:
-стареењето е дек од човечката генетика,
– стареењето нема никаква цел, само е резултат на „штетата“  што човекот ја претрпел во својот живот.
Се смета дека во иднина науката ќе овозможи барем удвојување на животниот век.
Длабоко замрзнување
Живеењето вечно можеби не е реалност. Но, пионер во ова поле-нешто наречено крионогетика, може да овозможи за некои луѓе два живота. Крионогетските центри како Alcor Life Extension Foundation , во Аризона , чува мртви тела во садови наполнети со течен нитроген на замрзнувачка температура од – 320 степени Фаренхајти. Идеата е дека кога човек ќе умре од некоја сеуште неизлечива болест може да биде сочуван и „ разбуден “ во иднината, кога лекот ќе биде пронајден.
Телото на бејзбол легендата Тед Вилијамс е сочувано во еден од „ замрзнувачите “ на Alcor. Неговото тело, како и сите други, е поставено со главата надоле, од причина што кога би имало истекување во садот, неговиот мозок сеуште ќе биде потопен во течноста. Ниедно тело не е „ вратено “, бидејќи таа технологија сеуште не постои. Пример, ако телото е извадено со малку погрешна температура од предвидената, мозочните ќелии ќе се претворат во мраз и ќе се распрснат во парчиња.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Многу прашања го збунуваат човекот, како животот и смртаа, спиењето но и човечкиот мозок. Еве неколку факти што можеби

loading...