МИСТЕРИОЗНА СМРТ ВО МОСКВА: ЗАГИНА ШЕФОТ НА РУСКИ ЛУКОИЛ. ТОЈ НАВОДНО “ПАДНАЛ” ОД БОЛНИЧКИОТ ПРОЗОРЕЦ, ПАТЕЛ ОД ДЕПРЕСИЈА, А БЕШЕ ПРОТИВ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Маганов (67) во вториот по големина руски производител на нафта, Лукоил, бил од 1993 година. По основањето на компанијата, тој ја надгледуваше нејзината рафинерија, производство и истражување и стана претседател на одборот во 2020 година.

Маганов паднал од прозорецот на шестиот кат во Централната клиничка болница. Болницата, позната како Клиника Кремљ, бидејќи таму се лекува руската политичка и бизнис елита, потврди за државната новинска агенција РИА Новости дека Маганов починал без да ги открие околностите на неговата смрт.
МИСТЕРИОЗНА СМРТ ВО МОСКВА: ЗАГИНА ШЕФОТ НА РУСКИ ЛУКОИЛ. ТОЈ НАВОДНО “ПАДНАЛ” ОД БОЛНИЧКИОТ ПРОЗОРЕЦ, ПАТЕЛ ОД ДЕПРЕСИЈА, А БЕШЕ ПРОТИВ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Шефот на рускиот Лукоил, Равил Маганов, почина во четвртокот откако падна од прозорецот на болницата во Москва, изјави извор за Ројтерс. За неговата смрт јавија и некои руски медиуми. Сè уште се немаат огласено од Лукоил.

“Телото на потпретседателот на нафтената компанија “Лукоил” Равил Маганов е пронајдено во Москва“, беше објавено на каналот “Маш Телеграм”. Според изворот, телото било пронајдено во близина на Централната клиничка болница на улицата Маршал Тимошенко. Бизнисменот пристигнал во медицинската установа пред смртта. Телото го пронашол болничкиот персонал”, се вели во објавата.

Маганов паднал од прозорецот на шестиот кат во Централната клиничка болница. Болницата, позната како Клиника Кремљ, бидејќи таму се лекува руската политичка и бизнис елита, потврди за државната новинска агенција РИА Новости дека Маганов починал без да ги открие околностите на неговата смрт.

Агенцијата Тасс наведува, повикувајќи се на извори, дека Маганов се самоубил. “Претседателот на управниот одбор на Лукоил Маганов се самоуби. Тој е хоспитализиран со срцев удар. Тој земал и антидепресиви”, изјавил неименуван соговорник на агенцијата.

Според tелеграм каналот Mash, Маганов бил примен поради проблеми со срцето, а претходно му била дијагностицирана депресија.

Тој беше против војната во Украина

Маганов (67) во вториот по големина руски производител на нафта, Лукоил, од 1993 година. По основањето на компанијата, тој ја надгледуваше нејзината рафинерија, производство и истражување и стана претседател на одборот во 2020 година. Неговиот брат Наил е шеф на средниот по големина руски производител на нафта Татнефт.

Инаку, Маганов беше против војната во Украина и се залагаше за мирно решение на проблемот.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.