Мистериозните смртни случаи продолжуваат: Уште еден полковник од Путин почина под сомнителни околности

Рускиот воен началник Вадим Бојко, кој одигра клучна улога во војната во Украина, беше пронајден мртов во неговата канцеларија.

Бојко (44), кој бил задолжен за мобилизација, наводно имал повеќе прострелни рани во пределот на градниот кош.

Мистериозните смртни случаи продолжуваат: Уште еден полковник од Путин почина под сомнителни околности

Се наведува дека Бојко пристигнал на работа, влегол во неговата канцеларија и после тоа се слушнале истрели, и тоа дури пет, пишува Дејли Мејл.

Полицаецот кој ги слушнал истрелите влетал во собата, но за Бојко немало спас.

Русите првично рекоа дека Бојко се самоубил, но доказите сугерираат поинаку.

Бојко, чија смрт е последна во низата мистериозни смртни случаи на воени службеници, тешко дека можел да испука дури пет истрели во себе. Исто така, никаде немало проштална порака.

Медиумот БАЗА, кој има добри извори во полицијата, наведува дека инспекторите до неговото тело пронашле пет чаури и четири пиштоли на Бојков.

Во полицискиот извештај се доведува во прашање можноста полковникот да испукал пет истрели во себе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.