Мистеријата зад феноменот дежаву

Ви се случило ли да се најдете во друштво на вашите пријатели, разговарајќи на одредена актуелна тема, а за момент да почувствувате дека веќе сте биле таму, сте го правеле истиот муабет, на истиот начин во идентична околина? Ако сте доживеале ваква или слична состојба, тогаш вие спаѓате во оние 70% од луѓето кои во текот на својот живот искусуваат дежаву.

Што со сигурност знаеме за состојбата дежаву?

1) Епилептичарите често доживуваат интензивно чувство на веќе видени ситуации непосредно пред да добијат напад. Поради ова, научниците шпекулираа дека причината за дежаву е неправилното електрично празнење на мозокот што може да предизвика создавање на погрешна претстава за сеќавањата. Со оглед на тоа дека и луѓе без здравствени проблеми доживуваат дежаву, ова објаснување не ја исцрпува мистеријата во целост.

2) Дежаву најчесто доживуваат луѓето на возраст помеѓу 15 и 25 години, но може да се искуси на секоја возраст, а честотата варира од човек до човек.

3) Чувството на веќе видео е дефинитивно чудно и грозоморно. Не е нешто од типот: „Еј, го имам видено ова порано!“ или „Го имам правено ова!“ Чувството е необично и по малку непријатно бидејќи знаете дека сте ја направиле токму истата работа на истиот начин, но од некои необјасниви причини не можете да се сетите на тоа. Самото чувство не е негативно, но не е ниту баш пријатно.

Друга теорија која го објаснува овој феномен е дека нашите мозоци мешаат ситуации од сегашноста со нешто што сме доживеале во нашите соништа и фантазии. Докажано е дека линијата помеѓу реалноста и она што ни е во мислите е многу тенка. На пример, можете да си замислувате дека изведувате мечкин скок во сала за вежбање и да се почувствувате како навистина да сте го извежбале. Ова е и научно потврдено. Според ова, лесно се изведува заклучокот дека дежаву-то може да биде резултат на нешто слично што сме го доживеале во сништата. Но, ако еднаш сте доживеале дежаву, веројатно нема да ви биде верно ова објаснување.

Некои психијатри го припишуваат чувството на неусогласеноста во мозокот што предизвикува грешење на минатото и сегашноста. Многу парапсихолози веруваат дека доживувањето на ваквата состојба е поврзана со искуства од минатите животи.

Швајцарскиот научник Артур Функхаузер, пак, разликува различни искуства при состојба на дежаву, на пример, веќе видено, веќе доживеано и сл.

ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНА 2

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.