Мистеријата со жената пронајдена во Хрватска полека се разоткрива: Даниела живеела во САД и правела накит за холивудските ѕвезди

Loading...

Хрватската полиција во вторникот навечер од чешките колеги добила информации кои би можеле да го расветлат идентитетот на жената пронајдена на 12-ти септември, која била пронајдена на непристапен терен на Крка, а порталот “Index.hr” неофицијално пренесува дека станува збор за 57-годишната словачка државјанка Даниела Адамцова.
Жената била пронајдена крвава на Крка и не сеќавала на ништо. Зборувала течно англиски, а за нејзиниот случај дознал целиот свет. Додека полицијата го потврдува нејзиниот идентитет, “24sata.hr” пишува дека повеќе луѓе од Чешка и Словачка кои ја виделе фотографијата рекле дека станува збор за Даниела Адамцова, и ја изнесува нејзината животна приказна која уште во 2008-ма година ја објавил словачкиот портал “Mytrencin.sme”.
Даниела, како што се наведува, е родена во Транчин во Словачка и на 19 години отишла во САД. На своето семејство во последните моменти му кажала дека оди во САД и ја повикала својата сестра да и се приклучи.


Но, таа ја одбила и Даниела заминала сама. Се нашла во Лос Анџелес, каде на почетокот и било многу тешко. Првите три месеци барала сместување и учела англиски јазик, а по една година почнала да работи во агенција за недвижнини.
Потоа одлучила да се занимава со дизајн и запишала студии, специјализирајќи изработка на накит, а посебно сакала да работи со дијаманти. Се вработила во златарница, а еден нејзин пријател ја поврзувал со луѓе во филмската индустрија.
Набрзо нејзините креации ги носеле и холивудските ѕвезди. Даниела почнала да прави накит за филмови и серии. Меѓу актерките кои го носеле нејзиниот накит се Дајен Рос, Брижит Бардо, Барбара Стрејсенд…


Даниела вели дека талентот за изработка на накит го наследила од својот татко. Кога популарноста и пораснала, Даниела почнала да го праќа својот накит на изложби ширум светот, во Јапонија, Кина и САД. Во родната земја се вратила во 2000-та година по разводот со сопругот, кого го запознала во САД.
И во Словачка продолжила да се занимава со накит, а повремено размислувала да се врати во САД.

loading...
Loading...