Митингот на 2 јуни беше класична манипулација

Викендов помина во една многу еуфорична атмосфера на фб, со многу заблагодарувања на Господ, на нашиот јужен сосед за тоа што ни го “спасиле” Името! Меѓутоа ако направиме подлабока анализа ќе дојдеме до сознание дека за жал сме далеку од такво нешто! И да не се случи тоа наредниов период за жал патот тоа да се случи е широко отворен! На политичката сцена од една стана го имаме Заев кој отворено си кажува се што си мисли и си тера по патот кој што го наумил и Мицкоски, страшно добар манипулатор не колку Црвенковски,затоа што Црвенковски имаше и уличен шмек, харизма, но тука некаде, кој го има истиот став како Заев, но се труди колку што може да го сокрие! Искрено јас како човек кој поминал многу преваранти во животот, многу повеќе почитувам искреност од колку дволичност! Што се случи на 2 Јуни? Манипулација класична! Се повикува народ да каже НЕ за името,тој народ доаѓа на протестот, Мицкоски кажува дека вечен стремеж ни е НАТО, а бар на половината од присутните тоа не им е, затоа што знаат дека услов е промена на Вековното Име, како и Мицкоски што знае, не знам само во чие име кажа такво нешто, за наредниот ден да каже дека нема назад од овие преговори што ги води Заев. Народот беше повикан да ја сокрие пораката упатена до странците а тоа е идеме понатаму! Не ни се пишува добро! Не ни се пишува затоа што и од другиве личности кои се актуелни како алтернатива јас лично не препознавам “спасител”. Ни во Јанко Бачев и ако Единствена Македонија е добар концепт но кадровскиот дел и големата пристрасност кон Русија не ми се допаѓаат! Палчо е шарлатан,Апасиев добар во својата струка но ништо повеќе од тоа! Кога не може да примети во Заев будала туку спасител што да правиме муабет понатаму! Единствена светла точка по мене за одбрана на Името се Солза Грчева и Филип Петровски! Периодов што е зад нас Солза Грчева ми има оставено најдобар впечаток после Филип Петровски! Како и да е нема многу простор за еуфорија! ГОСПОД НЕКА ЈА ЧУВА МАКЕДОНИЈА! Од политичарите тешко дека ќе биде сочувана!