Адвокатот Јанаки Митровски на Фејсбу кратко ја коментира денешната одлука на судот да ја уважи амнестијата за „организатори на 27 април“.
– Имам двајца другари од случајот за 27 Април. Кога ви велев да не одите дека ќе испаднете будали ми се лутевте. А сега? Вие во ќорка, големциве на слобода. Ни повторување гледате, ни амнестии ни бутур. Срамота! – напиша Митровски на Фејсбук.
Кривичниот суд го прифати барањето за амнестија на Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски кои беа обвинети дека ги организирале настаните во Собранието на 27 април. На ова претходеше мислењето на Обвинителството за организиран криминал претходно според кое Законот за амнестија може да се примени кај Вељановски, Јанакиески и Ристовски, но не и за 4-то обвинетиот екс-директорот на УБК Атанасовски.
Пронајдете не на следниве мрежи:



