Митрополити од северна Грција со писмо се спротиставија на Преспанскиот договор

Loading...

Со писмо на шест страници и испратено до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, до грчкиот државен Врв и Архиепископот Иеронимос 22-ца митрополити од северна Грција изразија несогласување со Договорот од Преспа. Тие изразија жалење затоа што не биле послушани нивните ставови, загриженоста и размислувањата за Договорот. Во писмото митрополитите наведуваат дека ратификација на Договорот од Преспа од Парламентот на Грција, како и признавање на Автокефална црква на Македонија, не само што нема да бидат основа за мирен соживот на грчкиот народ и народот на соседната земја, туку ќе бидат постојано жариште за негување на иредентизам и непријателство. Бидејќи ниту еден договор кој не се базира на вистината не може да просперира.
Митрополитите на чело со солунскиот Антимос упатуваат молба до политичарите секој да си ја земе предвид својата историска одговорност за да не се најде соочен со народот и историјата, а тие ќе продолжат да си ја извршуваат должноста и ќе бидат против се што ја оцрнува историјата на нивната татковина.
И претседателот на Грција Прокопис Павлопулос во честитката упатена за Новогодишните и Божиќните празници ги повтори неговите ставови дека нема да прифати своеволни толкувања на Преспанскиот договор.
-Не сме подготвени во пресрет на дефинирањето на договорот од Преспа и секако пред неговата ратификација, да прифатиме толкувања на Договорот од Преспа кои што се своеволни или зрачат иредентизам, бидејќи уште ништо не е завршено, рече претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос.
Грчкиот претседател истакна дека Договорот ќе дојде за ратификација во Грчкиот парламент откако ќе заврши уставната ревизија за решавање на прашањето со името согласно историјата и меѓународното право, а тоа би било во средината на февруари или на почетокот на март.

loading...