Михаела Иванова: Денот го започнувам со тон свежо овошје и масажа

Loading...

Македонската манекенка Михаела Иванова, својот годишен одмор го поминува во Хрватска на Јадранското море. По повод нејзиниот роденден и поставивме неколку прашања на кои таа со задоволство ни одговори. Убава, згодна и атрактивна девојка тоа е добра провокација да го прочитате нејзиното интервју и да дознаете нешто повеќе за неа.
На следниот (линк) можете да ја погледенете нејзината фотогалерија.
Како поддршка на MB оформена е и посебна фан страна каде што ќе можете да ги видите сите галерии на едно место (линк) Стајлинг и Организација: Сара Сековска Фотографија: Ана Лазаревска
Како започна да се занимаваш со фотомоделство?
 -Со фотомоделство започнав да се занимавам сосема случајно откако добив  повик од модната агенција Мак Моделс.
Кое е твоето хоби и како ја трошиш вишокот енергија?
 -Во последниве месеци имам премногу обврски и немам многу време за моето хоби, кулинарството и декорација на кутии за подароци.
 Како изгледа дечкото од сонишата за Михаела?
 – Тој не изгледа, тој постои сепак немам многу илузии околу тоа…
 Дали си заљубена и постои ли некој посебен во твојот живот?
 –  Да, имам посебна личност во мојот живот.
Стајлинг и Организација: Сара Сековска Фотографија: Ана Лазаревска
Каде се гледаш себе си во иднина?
 – Себе си во иднина се гледам како успешна амбасадорка во некоја западно европска земја.
 Омилен начин да го започнеш денот?
-Тон свежо овошје, чаша цеден портокал и масажа во мојот омилен козметички салон.
 Кој ти е најголема мотивација во твојот живот?
– Самото тоа што сум дел од овој свет ме мотивира да секој ден го правам тоа што го сакам и да успеам во она во кое целам, а крајната цел е здравје, љубов и благосотојба од секаков вид. 
Моментално си на одмор во Хрватска, како го прослави роденденот и дали Хрватска е  твојата омилена дестинација?
– Да моментално сум на одмор во Хрватска каде го прославив и мојот роденден во опуштена и интимна атмосфера, но тоа не е мојата омилена дестинација сакам да патувам и да посетувам различни места. Но, дефинитивно би ја посетила Австралија повторно. С

loading...
Loading...