Мицковски – ДПМНЕ тоа сум јас! Груевски е минато

Опааа, се откажа јавно од Груевски, кој за него раце искриши, море и нозе за да го постави. 90 посто од делегатите го сметаа за ТАБУЛА РАСА и да не му трчаше Спиро, да не претеше Сашо и да не се смееше под брк Груевски, немаше да го изберат за шеф на месен комитет. Но дечкичот залапал од синдромот на Господ.
Груевски е Христијане  минато точно е, но истовреме тој Никола за 11 години напиша некаква историја во таа партија ВМРО ДПМНЕ. Ти после претседателските избори ќе бидеш минато без историја и трага во партијата.
Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Сител вели дека тој нема врска со бегството на Никола Груевски, а изјавата на премиерот Зоран Заев во која кажа дека тој е вмешан во бегството на поранешниот премиер ја оценува како несериозна. Смета дека Заев и министерот за внатрешни работи се добро запознати со целиот случај и бара одговорност за бегството на екс премиерот токму од Оливер Спасовски.
-Со оглед на тоа што цела 2018 година тој се однесуваше неодговорно сега можам да ги разберам неговите ПР стратези зошто му сугеририраат Груевски да се поврзе со Мицкоски. Никола Груевски е минато во ВМРО-ДПМНЕ, иднината во партијата сум јас и се што правам е заедно со структурите на партијата во овој момент и ова е автентична прилика, која има своја карактерна црта. Тоа што го кажа Заев е помалку или повеќе несериозно. Тој ги има сите информации, жал ми е што не ги подели со македонската јавност неколку недели откако се се случи тој настан, рече тој.
На прашањето дали неговите посети на Унгарија и Србија се поврзани со случајот со Груевски, Мицкоски кажа дека во Србија бил приватно и не се сретнал со Александар Вучиќ и уште еднаш повторни дека овие тврдења се несериозни.
Инаку изгледа Луј 14ти му бил инспирација на новиот суверен владел во Белата палата. Тој во 1655 ќе ја даде позната изјава ДРЖАВАТА ТОА СУМ ЈАС… (или fr. “L’état c’est moi”). Мислиме дека е на место споредбата затоа што Мицковски сеуште не седнал на тронот на државата. Но на тронот на кој што седи смета дека е негов, му припаѓа и се персонифицира односно изедначува со истиот…