Мицковски побара предвремени избори после една година?! Совршено алиби пред членството

Loading...

Невидени реакции, негативни има по нелогичното и небулозно барање на Мисковски да се одржат предвремени избори ама после една година од сега. Не е јасно кој му ги сервира овие тези на Мицковски но се гледа дека истиот без многу размислување ги испорачува. Имено, не е потребно да бара предвремени избори ако сака да ги има. Доволно е да неговите пратеници поднесат оставки веднаш во парламентот и со тоа истиот ќе биде десеткуван. Со самиот чин нема да може да се носат двотретински закони, оние закони кои тој со тајните договори со Заев ги носи во последно време а за кои не се пишува многу во јавноста.

Па затоа велиме дека е небулоза ова што го прави, изјавува. Или само алиби пред разочараното членство кое со месеци чека некаква реакција, патоказ. Да му е до избори може одма да ги предизвика. Не мора да чека милост од Заев. Или тоа е дилот, испреговарана е техничка Влада тајно како и се друго до сега, после серијата од нивни средби? 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...