Мицковски прави протест пред Владата, никој не кажува колку автобуси се донесени и од каде

Па сепак премногу материјал беше објавен по порталите и мрежите каде се гледаат десетици автобуси, со партиски членови на Мицковски кои доаѓаат на неговиот митинг.

Мицковски прави протест пред Владата, никој не кажува колку автобуси се донесени и од каде…

Некои портали известија и за појава на руски знамиња на митингот иако беше дадена инструкција да се оди само со официјални знамиња.

Се разбира медиумите кои се блиски или под директна контрола на таканеречената „Бела Палата“ известија за десетици илјади граѓани, па ако не и стотици. Притоа фотографиите кои се помудени се од низок агол за да делува дека има многу луѓе. Што е познат пропагандистички трик.

Од друга страна центар.мк кој пак е близок до власта покажа слика од дрон на која лесно може да се види дека бројката не е толку голема како што се обидуваат да ја прикажат.

Фотографија на центар.мк

Како и да е, на ваква криза која ги поминува сите можни граници, потоа при континуирана криза на идентитет се чини дека бројката на посетители е премала.

Премиерот Таче за утре закажа коалициски одговор. Ќе видиме што тоа ќе биде…

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.