Мицковски самиот не знае на каде оди, а народот треба да го следи!?!

Loading...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски како што вети така и направи. Целото лето го мина работно или како што велеше самиот – меѓу народот, и?!? Со надеж дека на следните избори ќе стане премиер, вака-така еве речиси ја истера кампањата. Убеден е дека успеа да го придобие народот? Ако тој си верува, нека му биде. Ама, со конфузни и контрадикторни популистички фрази народ лесно не се убедува. Како тоа мисли Мицковски? Тој не кажува за што ќе се определи ВМРО-ДПМНЕ, ама народот ем сам да се одлучи, ем да го следи. Во што да го следи, кога не кажува што има на ум?
Затоа, пак, партијата ќе се поклонела на одлуката – каква и да е. Е, многу има народот од неговиот поклон. Еве, кутриот и се раплака на говорница. Мисли и со тоа му помогна на народот во одлуката?
ВМРО-ДПМНЕ е и за ЕУ и за НАТО, но останува на цврстиот и принципиелен став за договорот со Грција – штетен е капитуалнтски. И ај сега ти народе биди паметен, па одлучи во што тоа да го следиш тој што те води, односно лидерот.
Кога ќе се собере се на куп му доаѓа дека до сега за само едно нешто Мицковски апсолутно беше во право, а тоа е кога кажа: “Кој е Христијан Мицковски да му каже на народот што треба да прави“?!

 

loading...