Мицковски ќе се повлекувал ако некој од „неговите“ гласа за промена на Уставот. Заборава дека оваа плоча повеќе пати досега ја вртеше

На запад ништо ново, кој за што „сексуалната работничка за поштењето“. Ако беше прв пат да поверувавме дека се искрени намерите.

Мицковски ќе се повлекувал ако некој од „неговите“ гласа за промена на Уставот

Но овој пат ќе го потсетиме Мицковски на што не асоцираат неговите изјави кога ги дава на ваков начин. Се сеќавате дека во 2020 ветуваше дека ако не формира Влада или ако загуби на изборите ќе се повлече! А се повлече ли? Не! Веднаш по изборите ја смени плочата и почна да го замајува членството со изјави дека ќе формира мнозинство. Тоа до ден денес, две години потоа го право постојано. А дека ќе се повлече ако загуби веќе никогаш не спомена…

Лани членството и јавноста пак ги манипулираше дека има 61 пратеник, за да ги држи во кондиција и јадните клинти да останат со надеж дека ќе станат директори. И тоа помина како најобична лага и манипулација.

Во 2018 година, ако се сеќавате, а овој човек не сака да се сеќавате, 8 негови пратеници гласаат ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО, УСТАВОТ И ВОВЕДУВАЊЕ НА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА.

Истите тие пратеници го одземаа значењето на АСНОМ во ПРЕАМБУЛАТА а го додадоа РАМКОВНИОТ ОХРИДСКИ. Мицковски потоа во драматично обраќање и прес ги исклучи овие пратеници. Демек патриот, исто како сега. Или он или смрт. За после некое време да чуеме снимка на Јутјуб дека со избрканите разговара и им вели дека во партија му требале. Едно зборува на прес и пред јавноста, друго прави во тајност.

Кој кого овде дупи во здрав мозок?

Согласно ова досегашно однесување, Мицковски или лаже или има некој друг фактор кој му стои на пат за да стане некогаш премиер, функција која со години ја сонуваше и за неа беше подготвен да направи се. Нашите сознанија говорат дека Мицковски е свесен дека со руски и антиевропски ставови неможе да помине. Во ЕУ му се намалија опциите, му остана само Орбан и нема на кој да се потпре. Нема ни каде да се обрати да прати порака ако сака. Неговиот коалционен партнер Левица е јасно на МАРКСИСТИЧКИ ПОЗИЦИИ и му ја јаде основата во радикалното членство.

Така што единствена можност му е да си оди а да се прави жртва дека ете се обидел. Не, ништо што направи во 5 години нема белег на државнично однесување. Само сетете се како на Бојко сервилно му ги претставуваше неговите соработници кои пази мајката имале привилегија да се школуваат во странство со странци фондови и организации. Еден од нив вели дека нема проблем со бугарите да се внесат во Уставот. Кој лаже овој пат?

Со пулс24 секогаш прочитајте повеќе ⬆⬆⬆⬆
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.