Мицкоски да созрее, покажува дека нема државнички капацитет

За вакво исклучително важно прашање, од највисок државен и национален интерес, Христијан Мицкоски покажува дека нема државнички капацитет ниту основно чувство за државност.

Мицковски вчера на прес пред зградата на партијата (конфискувана со првостепена судска пресуда за корупција и незаконско финансирање).

Оттука, СДСМ нема да навлегува во сите изнесени невистини и неодоговорно пласирани небулози од страна на Мицкоски.

Сите лажни тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потонаа. Се покажа дека Владата и премиерот Димитар Ковачевски доследно се држеа до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија во секој поглед и го штитат националниот интерес и македонскиот национален идентитет.

Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторуваме. Целосно го исполнуваме ветеното.

Во модифицираниот предлогот имаме чист Македонски јазик и историски прашања надвор од рамката.

Ветивме дека ќе има широк консултативен процес тогаш кога ќе имаме предлог кој е вреден за таква дебата. Сега е тоа време и како што ветивме го започнуваме.Секако дека уште утре ќе бидат изнесени детали за предлогот кој е доставен денеска.

Владата водеше мудра дипломатија, а кога дојде време транспарентно излегува во јавноста. Сето ова е резултат на добрата стратегија и позиции кои јасно ги постави премиерот Ковачевски.

Во консултациите треба да бидеме уште помудри, да го заокружиме овој процес кој е од исклучително значење за иднината на државата и идните генерации.

СДСМ ги повикува сите општествени чинители, сите политички партии, да се вклучат во консултациите и заедно да ја донесеме одлуката – РЕАГИРАА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА МИЦКОВСКИ ОД СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.