Мицкоски и Апасиев заедно против ЕУ

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев заедно делуваат против ЕУ и заедно хистерично шират невистини.

Во соопштението на СДСМ се вели:

Оваа анти-НАТО и анти-ЕУ коалиција на Левица и ВМРО-ДПМНЕ не и мисли добро на државата туку напротив, сака да ја закочи, да ја блокира, да и наштети.
Мицкоски и Апасиев заедно против ЕУ

Исто како што лажеа за измислена Тиранска платформа, за кантонизација, за кампови со мигранти, сега лажат за измислена бугаризација која не постои.

Протест за кое било прашање е уставно гарантирано право, но за предлогот на француското претседателство тече процес на широки консултации со сите политички и општествени чинители.

Она што е најважно, во предлогот се вградени нашите забелешки и ставови, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусности, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.

Македонскиот народ никој досега не успеал да го асимилира, ниту го асимилира и тоа нема да се случи ниту во иднина.

Оваа анти-НАТО и анти-ЕУ коалиција на Левица и ВМРО-ДПМНЕ не и мисли добро на државата туку напротив, сака да ја закочи, да ја блокира, да и наштети.

Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, но тие секогаш биле препознавани и поразувани, така ќе биде и сега – се вели во соопштението на СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.