Мицкоски призна дека со Апасиев се изолирани и сами против ЕУ а фарсата за референдум нема поддршка ниту од опозицијата

Христијан Мицкоски денеска призна дека тој и Димитар Апасиев се сами и изолирани против ЕУ.

Мицкоски потврди дека неговата фарса за референдум којшто е за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка ниту од другите опозициски партии.

Причините за проблемите во својата партија, во опозициските редови, Мицкоски многу наивно се обидува да ги префрли кај некој друг, но за тоа треба да си се погледне самиот себе си.

Целото свое политичко делување Мицкоски го сведе на ширење лаги, манипулации, на крвави сценарија, обиди за блокада на државата и европската иднина на граѓаните.

Се што кажа Мицкоски излезе обратно, нема бугаризација, нема асимилација, почнавме преговори со ЕУ со чист македонски јазик и зачуван идентитет.

Впрочем исто така беше и за лагите дека со Договорот од Преспа ќе се избирише АСНОМ, за кантонизација и федерализација, за Законот за употреба на јазиците.

На усвоени заклучоци од Собранието, на заштитен македонски идентитет, на почнати преговори со ЕУ со чиста формулација на македонскиот јазик, Мицкоски нема повеќе простор.

Никој не му е виновен на Мицкоски што ги лажеше граѓаните, своите членови и другите партии – се вели во соопштението испратено од СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.