Мицкоски со коалицискиот партнер Алијанса беше режисер на крвавото сценарио кое не успеа

Нема граница деструктивното и опасно однесување на Христијан Мицкоски.

Мицкоски со коалицискиот партнер Алијанса беше режисер на крвавото сценарио кое не успеа

Токму Мицкоски кој денеска се претставува како наводна жртва со цел дополнително да ја радикализира атмосферата, заедно со коалицискиот партнер Алијанса за Албанците беше режисер на крваво сценарио кое за среќа не успеа.

Таквото крваво сценарио требаше да предизвика етнички конфликт и државата да ја одведе во хаос и неизвесност.

Таквото сценарио не успеа, нема да успее ниту ова глумење жртва од страна на Мицкоски кој веќе не бира средства да ја блокира интеграцијата на државата во ЕУ, на што поддршка добива единствено од неговиот коалициски партнер, Левица – се вели во соопштението на СДСМ

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.