Мицкоски: Црн ден за македонската економија, Владата покрај политичкиот хорор, приредува и економски ужас

Loading...

-Уште еден црн ден за македонската економија, повисоки даноци од Владата кои удираат по стопанството и граѓанитe. Оваа криминална влада за да го покрие украденото, и да ги пополни дупките во буџетот се одлучи да посегне по граѓаните зголемувајќи ги давачките – напиша на својата Фејсбук фан страница лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.
Неговата реакција доаѓа по одлуката на Владата за прогресивно покачување на даноците. Тој вели за да има доволно пари за тендери за цвеќиња од 650 илјади евра, за криминални иновации и за тендери во здравството кои се префрлаат од ќерката директор на таткото бизнисмен, мора да се покрие од парите од граѓаните.
-Ова несомнено може да предизвика и поскапување на цените во стопанството. Рамиот данок беше воведен со причина, Македонија од земја со најниски даноци во Европа станува земја со зголемени даноци и дополнително неатрактивна за инвестирање. Додека го менуваат името, криминалот цвета, матните бизиси енормно растат, проекти нема, инвестициите се на минимално ниво, ветувањата не се остваруваат, а цехот за целата неспособност на крими Владата на Заев треба да ја платат граѓаните. Неморално, неоправдано, недозволиво. Владата покрај политичкиот хорор, приредува и економски ужас. Тоа мора да престане, а Македонија со здрави политики да тргне напред – напиша Мицкоски.

loading...