Мијалков сам во „Шутка“ поради изолација од коронавирус – „Се преземаат засилени безбедносни мерки и чести контроли“

Loading...

Некогашниот шеф на полицијата, во петокот беше спроведен во затворот „Шутка“ откако обвинителството за него побара притвор по соопштувањето на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“.
Од затворот информираат дека моментално Сашо Мијалков е сам во просторија, поради коронавирусот, а тоа е пракса која се спроведува од почетокот на пандемијата, односно секој нов во затворот, да остане прво во изолација.
Мијалков е под засилени безбедносни мерки, а се спроведуваат и чести контроли каде што престојува тој.
Мијалков претходно беше неколку денови во куќен притвор, откако притвор побара обвинителството бидејќи имале дојави лицето се подготвува за Бегство.
Судот одреди куќен притвор, а Мијалков не беше достапен на полицијата за да го прими решението. Изненадно, пред еден медиум се појави во вторникот, по што беше спроведен во куќен притвор.

loading...