Млада девојка пронајдена мртва во скопско Волково

Утрово млада девојка е пронајдена мртва во скопско Волково, дознава Press24 од свои извори во полицијата. Се уште нема информации во какви околности починала девојката ниту пак дали на нејзиното тело има траги на насилство.
Полициски извори за Press24 велат дека токму во овој момент, полициска екипа се упатила на терен за да изврши увид.
Од МВР официјално се уште нема потврда на оваа информација.