Младите Британци ќе добијат бесплатна пица доколку се вакцинираат

Loading...

Во Велика Британија ќе се обидат со пица да ги мотивираат младите лица да се вакцинираат против коронавирусот. Ќе им бидат понудени попусти за оваа популарна храна, па дури и бесплатни оброци доколку се имунизираат.
Оваа активност ја поддржуваат угостителите, како и компаниите кои се занимаваат со достава на храна и пијалаци, а станува збор за иницијатива на Министерството за здравство и социјална политика. Првичната цела е да се поттикнат што повеќе млади лица од 30 години да се вакцинираат до крајот на летото.


Повеќе од 90 % од населението е вакцинирано со најмалку една доза, додека 60 % се вакцинирани граѓаните од 18 до 30 години. Министерот за здравство, Јавид им се заблагодари на компаниите кои ја поддржаа оваа иницијатива помеѓу кои Убер, Деливеру и Пица Пилгримс.
Велика Британија е една од земјите кои се обидуваат на различен начин да ги поттикнат луѓето да се вакцинираат. Американскиот претседател, Џо Бајден минатата седмица предложил да им бидат понудени по 100 долари за сите оние кои ќе се вакцинираат.
И покрај зголемувањето на бројот на позитивни случаеви, Британците одлучиле да ги укинат сите мерки.

loading...
Loading...