Младите Швеѓани со нов тренд-си вградуваат чипови во раката

Loading...

Во Шведска се појави нов тренд и тоа обично кај помладите жители на оваа скандинавска земја. Со  хируршки зафат помеѓу палецот и показалецот на раката си вградуваат чип, кој им ги менува сите пластични картички и електронски клучеви. Чипот е со големина на зрно ориз, и заедно со вградувањето чини околу 180 долари. Во чипот нема ГПС, што значи дека е невозможно да се следи човекот кој има вграден чип.
Чипот вграден во раката ги менува електронскиот паричник, кредитната картичка, пасошот и сите видови на електронски клучеви. Наместо картичката да се вади од паричникот доволно е само раката да се стави во близина на читачот на картички или ПОС-терминалот.

 

loading...