Млад бугарски боксер почина во Скадар по серија нокаути (ВИДЕО)

Трагедија: Почина млад боксер откако доби серија нокаути (ВИДЕО)Исус Величков, 21-годишен боксер почина за време на меч на турнирот “Скадар боксинг најт“ во Скадар, информираат албанските медиуми. Бугаринот Величков боксувал против домашниот боксер Ардит Мурја, кога во петтата рунда примил неколку удари и паднал.
Величков паднал во бесознание, а медицинските екипи се обиделе да го освестат, но безуспешно. Боксерот бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да го вратат во живот. Според првичните информации, Величков починал од срцев удар.
Loading...