Многумина практикуваат замрзнување на лимонот – еве зошто е тоа корисно и добро

Loading...

Сите многу добро ги знаеме придобивките по нашиот организам доколку консумираме топла вода со лимон секое утро, а поради тоа добро е ова цитрусно овошје секогаш да го имаме при рака.
За жал, лимонот не може да трае долго, па доколку не ги искористиме навреме – ќе ги пронајдеме расипани.
Лимонот е нераскинлив дел од нашата кујна, тој е прекрасен додаток за различни десерти, специјалитети, а нема нешто поубаво кое што може да нè освежи од свежа лимонада.
Тој е вистинска ризница на здравје, богат е со Ц витамин, делува антибактериски и го зајакнува нашиот имунитет.


Лимонот може да го сочуваме во текот на сите годишни времиња и тоа со едноставна постапка – да го замрзнеме.
Ова има неколку предности, не само што ќе можеме во секој момент да исцедиме лимонада, туку и рендањето на лимоновата кора ќе биде многу поедноставно и полесно…
Уште една предност на замрзнатиот лимон е тоа што лимонот ќе може многу полесно да го цедиме.
Постапката за замрзнување на лимонот не е комплицирана – тој треба да биде без меки делови на кората и без дамки. Пред да го ставите во замрзнувач, потребно е да го измиете со вода, а можеби најдобро е да го измиете со мешавина од вода и сода бикарбона.
Ставете го во кеса за замрзнување, а потоа во замрзнувач..

loading...