Многу влакна, малку калории: Ова овошје мора да го има во вашето мени

Грејпфрутот отсекогаш се поврзува со диетите, но досега не беше докажано неговото успешно делување во процесот на слабеење. Сепак, истражувањето кое е спроведено во истражувачкиот центар во Сан Диего, конечно ја покажа големата сила на овој горчлив плод.
Доброволците, кои во својот вообичаен режим на исхрана внеле и грејпфрут 3 пати на ден и минимално вежбале, за само 12 недели изгубиле неколку килограми. Тајната во ова овошје е што има многу растителни влакна, а малку калории, поради што лесно заситува секого, а притоа го забрзува и метаболизмот.
Ако сакате грејпфрут, сигурно нема да ви штети доколку го јадете редовно, но умерено. Грејпфрутот нема маснотии, содржи малку калории и натриум, полн е со витамин Ц и содржи бета каротен.
Треба да се најде на вашето мени бидејќи е квалитетно овошје, не само поради тоа што помага во согорување на маснотиите

Пронајдете не на следниве мрежи: